Хроника 05. декември 2019. / 17:30

Притвор за скопјанец што дома одгледувал канабис

Притвор за скопјанец што дома одгледувал канабис

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во село Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40.19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2.63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 ти декември, дрогата била пронајдена и одземена – соопштија од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд доставил и предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.