Хроника 26. ноември 2018. / 14:49

Припадници на АРМ евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца во пожарот во Дебар Маало

Припадници на АРМ евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца во пожарот во Дебар Маало

Во служба на граѓаните, први помогнале при пожарот во Дебар Маало: Припадници на АРМ евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца

Припадниците на АРМ први пристигнале на местото на пожарот што избувна ноќеска во Дебар Маало и со нивна помош биле евакуирани шест лица кои барале помош.

Од АРМ за МИА информираат дека пожарот бил забележан во 02:50 часот од страна на професионален војник кој бил дежурен на пријавницата на ГШ на АРМ и кој видел дека на вториот кат од објектот има луѓе кои бараат помош. Веднаш била известена противпожарната служба, брзата помош и МВР, а 10 припадници на Армијата со скала се упатиле кон опожареното место и до 03:05 часот евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца.

Во гаснењето на пожарот во ресторанот учествуваа 18 пожарникари со осум возила, а според Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, биле запалени и патнички возила.