Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот Р.Т. од прилепското село Ропотово.
– На повеќе лица од Битола, Кавадарци, Велес и Охрид, тој им продавал опојна дрога марихуана и им овозможил нејзино користење во неговата интернатска соба, информираат од СВР Охрид.