Хроника 03. декември 2020. / 13:25

Претрес во Шишево – пронајдена марихуана

Претрес во Шишево –  пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија утринава во селото Шишево, скопско, врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на С.Т.(25). При претресот била пронајдена и одземена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Како што информираат од МВР, С.Т. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.