Хроника 16. февруари 2021. / 16:41

Претрес во домот на охриѓанец: Пронајдена марихуана

Претрес во домот на охриѓанец: Пронајдена марихуана

При претрес во домот на Г.Б.(33) од Охрид, извршен со судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид врера пронашле и одзеле марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.