Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера при претрес во Арачиново пронајде и одзеде марихуана.
По претходно добиени оперативни информации и наредба за претрес од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.А (33) и други простории во с. Арачиново.
Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.