Хроника 23. јуни 2020. / 18:10

Претепаната девојка од Штип: Татко ми почина од жал по мене, сега сум без пари и сама

Претепаната девојка од Штип: Татко ми почина од жал по мене, сега сум без пари и сама

Не запираат проблемите на 21 годишната девојка од Штип за која јавноста дозна од видео-клипот на кој се гледаше како физички ја тепаат двајца мажи, а беше објавен на социјалните мрежи, објави а1.on.mk.

Непосредно по настанот, починал татко и кој и бил единствената поддшка и поткрепа, бидејќи мајка и поради здравствени проблеми е сместена во психијатриска установа. Таа вели дека неговото срце не можело да ја издржи болката со која се соочила и дека причината за срцевиот удар било сознанието дека е тепана и малтретирана.

„Татко ми не знаеше за малтретирањето што ми се случи, дозна откако се објави целата работа и полицијата ни дојде на врата. Можеби објавата на видеото помогна, да се казнат овие двајцата што ме малтретираа но, овој немил настан многу го погоди татко ми, од тага му пукна срцето. Сега сум сама, во долгови, без работа и без поддршка“,изјави оваа девојка за „А1он“.

Вели дека иако се казнети двајцаа штипјани што ја нападнаа и понатаму живее во страв, затоа што се уште да ја вознемируваат од скриени броеви.

„Постојано ми вртат од скриени броеви. Сугурна сум дека се тие , последниот пат кога вртеа, јасно го слушнав гласот на Пепи, еден од напаѓачите“, вели таа.

Таткото и ја оставил со неподмирени кредити од над 200 илјади денари, неплатени сметки за струја, вода, кабелска. Во овој момент единствено и помага чичко и, но како што вели и тој повеќе нема сили затоа што има свое семесјтво и давачки кои мора да ги подмири. Порача до надлежните и бизнис заедницата да и се излезе во пресрет на девојката со вработување, за да може животот да го продолжи во нормални услови.

Целиот текст на А1.on.mk можете да го прочитате ТУКА.