Хроника 04. октомври 2019. / 10:54

Позната состојбата на таткото и децата кои паднаа од тераса – едно е во критична состојба

Позната состојбата на таткото и децата кои паднаа од тераса – едно е во критична состојба

Се уште е критична состојбата на 3 годишното дете на Kарил кое пред два дена падна откако се урнала терасата од објектот каде живеело.

Детето на терасата било заедно се неговиот 23 годишен татко  и неговите двајца браќа на возраст од две и шест години.

Терасата се урнала завчера, а во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје останало само тригодишното дете.

Од болницата случајот го пријавиле во полиција, од каде пак, е  констатирано дека таткото и децата се повредиле откако се урнала терасата на која седеле.