Во соба од затворското одделение за малолетници при казнено поправната установа „Затвор-Охрид“, вчера околу 10 часот, избувнал пожар кој предизвикал оштетување на дел од инвентарот.
Интервенирала против пожарна единица и пожарот е веднаш изгаснат, а увид извршила полициска екипа.
Нема информации за повредени од пожарот ниту пак колкава материјална штера предизвикал.