Хроника 09. април 2018. / 16:01

Пожар на влезот во индустриска зона во Василево

Пожар на влезот во индустриска зона во Василево

Пожар на влезот во индустриска зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево избувна денеска. Според непотврдени информации, гори салон за мебел.

Во близина на салонот се наоѓа и бензинска пума која засега не е зафатена од огнот. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина.

Неколку возила на противпожарната единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден.