Хроника 26. јули 2020. / 15:37

Повреден пензионер при пожар во дом за стари во Штип

Повреден пензионер при пожар во дом за стари во Штип

На 25.07.2020 околу 21.35 часот во СВР Штип било пријавено дека во пензионерски дом на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип настанал пожар, при што бил опожарен стан, во кој како потстанар живеел Д.Н.(63) од Штип.

Во пожарот, Д.Н. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Штип за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единциа Штип, а увид извршила екипа од СВР Штип.