На 17.06.2020 во 02,25 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“, го лишиле од слобода П.Р.(27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.06.2020 во 23,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Драчево на место викано „Три круши“, ги лишиле од слобода Ф.С.(24) и Т.М.(26) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.