Хроника 31. јули 2020. / 11:46

Пијан скопјанец нападнал полицајци

Пијан скопјанец нападнал полицајци

Утринава во 00.30 часот, во близина на катна гаража на ул. „Народен фронт“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(72) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба.

Тој одбивал наредба издадена од полициските службеници, а при негово легитимирање физички нападнал еден од нив.

Како што соопштуваат од МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.