Хроника 04. февруари 2020. / 10:54

Обвинение за лице кое преку Фејсбук повикувал на ликвидација на Заев

Обвинение за лице кое преку Фејсбук повикувал на ликвидација на Заев

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се заканувало на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во периодот кога беше премиер.

Обвинетиот, кој се товари за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста, во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

– Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, наведуваат од ОЈО Скопје.

Објавите на Фејсбук обвинетиот ги пишувал на 23 и 24 јули минатата година.