СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.И. од село Горно Лакочереј, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
На 18.01.2019 година во 03.00 часот на улица „Партизанска” во Охрид пријавениот физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија во врска со претходно нарушување на јавниот ред и мир.