Хроника 19. мај 2019. / 19:33

Нападнат малолетник на кејот на Вардар во Скопје

Нападнат малолетник на кејот на Вардар во Скопје

Петнаесетгодишно момче од Скопје синоќа било физички нападнато од страна на поголема група непознати лица, јави МВР.

Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кеј на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата.

Полицијата вели дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.