Хроника 22. март 2019. / 18:00

Наместо цвеќе штипјанец пред очите на соседите одгледувал марихуана

Наместо цвеќе штипјанец пред очите на соседите одгледувал марихуана

Во саксии, наместо цвеќе, 37 годишен штипјанец пред очите на соседите одгледувал марихуана. Ова е причината вчера, по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ѓ.Т. на ул.„Балканска“ во Штип. При претресот биле пронајдени насади со марихуана, кои биле одземени и дадени на вештачење…

Ѓ.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип, а по комплетирање и документирање на случајот, него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, изјави Гордана Панајотова  портпарол во СВР Штип