Хроника 03. мај 2018. / 12:23

Над 130 килограми марихуана на ГП Богородица

Над 130 килограми марихуана на ГП Богородица

Над 130 килограми марихуана се откриени вчера на ГП Богородица во камион со албански регистарски ознаки. Возачот, 37 – годишен државјанин на Албанија. е приведен и му е одреден 30 – дневен притвор.

Дрогата била пронајдена во посебно направен простор во внатрешноста на страничнит даски за кои е прицврстена церадата на полуприколката, а била сместена во 323 пакувања обвиткани со растеглива фолија, соопшти Јавното обвинителство.

Возачот е веднаш приведен, а поради опасност од бегство, по барање на Основното јавно обвинителство во Велес, судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена.