Хроника 04. октомври 2018. / 16:14

На граничкиот премин „Богородица“ запленети 35 килограми марихуана

На граничкиот премин „Богородица“ запленети 35 килограми марихуана

Царината вчера околу 12 часот и 30 минути на граничниот премин Богородица на излез од Македонија запленила 35 килограми марихуана и 10 килограми хашиш. Лицата кои ја носеле дрогата се граѓани на Албанија. Неофицијално се смета дека запленетата стока вреди 700 – 1.000 евра по килограм, во зависност од квалитетот на наркотичната супстанција. 

Дрогата за дестинација ја имало Грција и Турција. Царинската управа против овие лица со иницијали О.Л. и А.Ј покренала кривична пријава за дело Незаконско производство и преработка на наркотици.