Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска оствари средба со надлежните во Основното јавно обвинителство Тетово за целосно расчистување на случаите од викендов во кои непосредно биле инволвирани членови на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ од Тетово.
-На средбата се координирани активностите за конкретно квалификување на настаните, динамиката и следните чекори, со цел нивно комплетно расветлување и финално заокружување со изготвување на соодветни поднесоци против инволвираните лица- велат од МВР.
-На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември се слушаат песни и извици во кои е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости- се вели во соопштението.