Синоќа околу 22 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Горно Седларце и Синичане, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Е. (31) од Голема Речица, во кое се наоѓал и Т.Х. (38) од Тетово.
При нивен преглед била пронајдена марихуана која Т.Х. се обидел да ја фрли.
Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.