Момче од Идризово вчера вечер било нападнато со остар предмет и ограбено во Скопје.
Вчера околу 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Крсте Мисирков“ неколку лица, со употреба на физичка сила и остар предмет, го нападнале Д.А.(24) од село Идризово, скопско, му одзеле пари, лични документи и мобилен телефон, нанесувајќи му повреда во пределот на ногата.
Се преземаат мерки за расчистување наслучајот.