Хроника 28. септември 2019. / 13:53

Млади момчиња од Тетово уапсени поради марихуана

Млади момчиња од Тетово уапсени поради марихуана

Синоќа околу 22 часот во полициско одделение Жеровјане, биле лишени од слобода Р.А. (21), И.А. (20) и Ч.Б. (19) сите од Тетово.

Кај нив во село Стенче, тетовско при преглед на патничко моторно возило со тетовски регистарски ознаки управувано од Р.А. во кое како сопатници биле И.А. и Ч.Б., била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.