Претседателот на Владата, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва изразија длабоко жалење за смртта на познатиот музичар Зоран Џорлев и упатија сочувство до неговото семејство.
Премиерот Заев во својот пост на Фејсбук вели дека со голема тага ја примил веста за прераната загуба на виолинистот, професор и солист, Зоран Џорлев.
– Неговите виртуозни изведби и обработки на македонски народни, филмски и џез композиции ќе останат како огромно непроценливо богатство на народната ризница. Од мое лично име и од име на Владата изразувам искрено и длабоко сочувство. Нека е вечен споменот! Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти!
Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба на нашиот виолинист, професор и солист, Зоран Џорлев.
Неговите…
Posted by Zoran Zaev on Friday, January 1, 2021
Лидерот на опозицијата, исто така објави пост на својот Фејсбук профил со фотографија од Џорлев.
– Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти!, напиша Мицкоски во прошталната порака за ненадејно починатиот музичар.
Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти!
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, January 1, 2021