Хроника 11. септември 2018. / 16:57

Малолетник во Штип нападнал жена, и го украл златното ланче

Малолетник во Штип нападнал жена, и го украл златното ланче

Шестнаесетгодишно лице вчера на улицата „Пиринска“ во Штип извршило тешка кражба на дрзок начин, над 57-годишна жена.

„Додека оштетената се движела по улицата ѝ се доближил сторителот и со употреба на сила ѝ го одзел златното ланче кое го носела околу вратот. По преземени мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода во присуство на работник од Центарот за социјални работи и било задржано во Полициската станица Штип“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок