Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo овозможување употреба на наркотични дроги.
На 7 септември годинава пријавениот му посредувал на Т.М. од Велес за набавка на марихуана, соопшти МВР.