Во две одделни акции, службениците на МВР уапсиле две лица за поседување марихуана.
Вчера во 21.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.С. (46) од село Колари, кичевско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Исто така, вчера попладне во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Б.Б.(42) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.
Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.