Хроника 23. август 2020. / 13:30

Мајка во пакет за храна шверцувала марихуана за синот во затвор

Мајка во пакет за храна шверцувала марихуана за синот во затвор

Од Казнено-поправната установа – Затвор Штип вчера пријавиле во полиција дека во затворот, во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана.

Од МВР информираат дека полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.