Хроника

Лице во униформа ЈП „Паркови и зеленило“ нападнало маж во Жена парк

Лице во униформа ЈП „Паркови и зеленило“ нападнало маж во Жена парк

К.Б.(70) вчера пријавил дека истиот ден во 08.40 часот на улица „11-ти Октомври“, во паркот „Жена Борец“, физички бил нападнат од непознато лице, стои во полицискиот билтен.

Според пријавата непознатото лице било облечено во работна униформа на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.