Хроника 08. мај 2020. / 12:03

Кумановец заработи 30 дневен притвор, дилал марихуана

Кумановец заработи 30 дневен притвор, дилал марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 29 годишен жител од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Кај кумановецот на 6-ти месецов во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба.

Од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.