Против 25-годишно лице со иницијали Ф.З. поднесена е кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“. Судија на претходна постапка на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
„Според документираните сознанија од истрагата, завчера (22.07.) сопрено е патничко моторно возило “рено” со велешки регистарски таблички управувано од страна на пријавениот Ф.З. и при контрола на возилото пронајдени се 13 лица – мигранти, меѓу кои и три малолетни лица, инаку сите од Авганистан. Лицата се на возраст од 16 до 23 години. Укажана им е лекарска помош и со нив е извршен службен разговор“, соопшти Министерството за внатрешни работи.