Хроника 05. август 2020. / 09:17

Казни од по 7.000 евра за журките на Градиште

Казни од по 7.000 евра за журките на Градиште

Поради непочитување на законските прописи за превенција од корона вирусот издадени се казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје.

Меѓу нив, пет правни субјекти се од автокампот „Градиште“ кои ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што на секој од нив му е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност.

За неносење лична заштита на лице се регистрирани 390 прекршоци во текот на 3-4 август на територијата на  целата држава.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид-19.