Хроника 09. јуни 2019. / 16:54

Казнети полските навивачи што правеа хаос низ Скопје

Казнети полските навивачи што правеа хаос низ Скопје

Полските навивачи кои во петокот се степаа меѓу себе во Градскиот парк во Скопје се казнети со по 150 евра од судија за прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, изјавија од Основниот суд Скопје 1.

Пред средбата на репрезентациите на Полска и Македонија на Градскиот стадион, беа приведени 223 навивачи кои вчера беа изведени пред судија за прекршоци.

На казнетите не им била изречена мерка забрана за влегување во земјава, информираат од Основниот суд Скопје 1.