Хроника 14. јуни 2020. / 11:30

Казнети 845 граѓани за неносење заштитна опрема

Казнети 845 граѓани за неносење заштитна опрема

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845 прекршоци.

Од МВР соопштија дека на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.