Хроника 11. јуни 2020. / 09:51

Казнети 1.068 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Казнети 1.068 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие казнети се 1.068 лица за неносење заштитна маска на територија на целата држава, соопшти МВР.

На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.