Кумановската полиција уапсила 23 годишен кумановец кај кого биле пронајдени 20 најлонски пакувања марихуана, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(23) од Куманово, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 20 најлонски пакувања со марихуана, се наведува во соопштението од СВР Куманово.
К.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.