Кривична пријава против дваесет и две годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело -“тешка кражба на дрзок начин“.
Тој на 7ми мај на автобуската постојка на улицата “Александар Урдаревски“, во населбата Бутел, забележал жена која чекала автобус и во еден момент од зад грб и се приближил и со употреба на физичка сила насилно и го скинал златното ланче кое го носела околу вратот.
Тој со трчање се дал во бегство во правец кон улицата “Хо Ши Мин“. По извршеното кривично дело пријавениот украденото златно ланче, за сума од 120 евра, го продал во златарница лоцирана во Стара Скопска Чаршија.