Хроника 02. јуни 2020. / 12:15

Изминатото деноноќие приведени девет лица меѓу кои и еден малолетник кај кои била пронајдена марихуана

Изминатото деноноќие приведени девет лица меѓу кои и еден малолетник кај кои била пронајдена марихуана

На 01.06.2020 во 13.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ ја лишиле од слобода Д.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана.

Исто така во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во село Драчево, на место викано „Три круши“, ги лишиле од слобода Д.Г.(37), О.С.(24), Н.Ѓ.(21) и 17 годишник, сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Два часа подоцна во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Љ.Т.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ ги лишиле од слобода М.М.(32) и Т.Г.(20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

На паркинг простор од хотел на Попова Шапка полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка во 21,40 часот го лишиле од слобода М.А.(33) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.