Хроника 09. април 2018. / 14:19

Излетал „Ленд ровер“ на патот Пробиштип-Штип, возачот тешко повреден

Излетал „Ленд ровер“ на патот Пробиштип-Штип, возачот тешко повреден

На регионалниот пат Пробиштип-Штип утрово во 6.50 часот во близина на раскрсницата кај село Крупиште, “Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излеталo од коловозот.

Со возило на итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде лекар му констатирал тешки телесни повреди. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип извршилаувид и се работи на расчистување на случајот.