Хроника 06. ноември 2018. / 15:21

Инцидент вчера во Идризово – Затвореник нападнал надзорник

Инцидент вчера во Идризово – Затвореник нападнал надзорник

Вчера околу 13 часот, било пријавено дека во Казнено-поправната установа Идризово, при вршење служба во амбулантното одделение, надзорникот Ѓ.Д. (33) бил физички нападнат од осуденикот С.А. (33).

На Ѓ.Д. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се работи на расчистување на случајот.