Хроника 26. јули 2019. / 14:09

Инцидент на протестот: Нападнат братот на Ел Чека

Инцидент на протестот: Нападнат братот на Ел Чека

Братот на Ел Чека, Блерим Амети денеска е нападнат од страна на Исмет Гури, посведочи мајката на нападнатиот, пренесува Алсат-М.

Нападот се случил непосредно пред почетокот на протестот организиран до семејството на Ел Чека.

Како што сведочат очевидци на настанот, крв на рацете било забележано и кај мајката на Блерим, која се втурнала да го одбрани нејзиниот син од нападот на Исмет Гури.

На местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристугнување на репортерските екипи.