Хроника 25. јануари 2021. / 10:35

Гостиварка со чекан го нападнала сопругот

Гостиварка со чекан го нападнала сопругот

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи во Гостивар вчера попладне ја лишиле од слобода 31-годишната гостиварка Б.И.

Таа, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, претходно физички го нападнала нејзиниот поранешен сопруг Б.А.У.(33).

Според пријавеното, во нападот таа користела и тврд предмет (чекан).

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.