Хроника 11. декември 2019. / 11:58

Гостиварец откако ја забележал полицијата, фрлил во двор полна чанта со дрога

Гостиварец откако ја забележал полицијата, фрлил во двор полна чанта со дрога

Вчера околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.

Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.