Хроника 28. јануари 2021. / 17:39

Гости претепале сопственик на кафеана во Дебар Маало, не сакале да си одат во 21 часот

Гости претепале сопственик на кафеана во Дебар Маало, не сакале да си одат во 21 часот

Сопственик на кафеана во Дебар Маало вчера бил претепан од две лица кои завчера не сакале да си заминат откако завршило работното време, информираше МВР.

На 27.01.2021 во 16.30 часот во СВР Скопје, З.В.(53) од Скопје пријавил дека во 14.20 часот, додека бил во неговиот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот. Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија, бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.