Хроника 12. февруари 2019. / 15:28

Голем пожар пред влезот на Струмица, сообраќајот кон Радовиш во прекин

Голем пожар пред влезот на Струмица, сообраќајот кон Радовиш во прекин

Околу 13 часот денеска изби голем пожар пред влезот во Струмица од Радовиш. Запалена е поголема површина шамак покрај патот, а сообраќајот го регулира полицијата за да можaт пожарникарите да го гаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат три противпожарни возила на ТППЕ Струмица и 12 пожарникари.

Засега пожарот се држи под контрола и не се дозволува да се прошири.