36 годишниот Х.К од Прилеп кој синоќа свирепо со неколку убоди ја закла неговата девојка пред нејзиниот син е фотогрфиран во друштво на премиерот Зоран Заев – тврди македонски твитерџија кој ја објави и заедничката фотографија.
-Дали има еден убиец, еден дилер, еден манијак во државава што нема слика со Господинот Зоран Заев? Бај д веј, ова е убиецот и психопатот што си ја искасапи партнерката во Прилеп. – пишува твитер профилот Султе Крофна.

– На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп. Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син. Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот – велат од МВР.