Хроника 25. јули 2020. / 23:54

(ФОТО) Пожар во стан во центарот на Штип, сопственикот со тешки изгореници

(ФОТО) Пожар во стан во центарот на Штип, сопственикот со тешки изгореници

Штипјанец со висок степен изгореници на градите и стомакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, по пожарот во неговиот стан во центарот на Штип.

Возило нa Итната медицинска помош го транспортирало во болницата.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека лекарите му ја пружиле медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда.

Причините за пожарот се уште не се знаат, но се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.