Хроника 30. јануари 2021. / 12:08

Две лица повредени во сообраќајка во Прилеп: Изгубил контрола и удрил во столб

Две лица повредени во сообраќајка во Прилеп: Изгубил контрола и удрил во столб

На 29.01.2021 во 06.14 часот на ул.„Леце Котески“ во Прилеп, Х.Р.(21) од Прилеп, управувајќи патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.

Во незгодата, возачот Х.Р.(21) и сопатникот Ф.Ј.(22) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид на место на настанот извршиле Јавен обвинител и увидната екипа на Полициската станица Прилеп.