Хроника 12. февруари 2020. / 16:56

Двајцата синови физички го нападнале својот 39-годишен татко

Двајцата синови физички го нападнале својот 39-годишен татко

Скопјанец бил нападнат од своите синови во семејниот дом.

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 39-годишниот З.Р. од Скопје пријавил дека на 10.02.2020 околу 21.00 часот во семејниот дом на улица „Перо Наков“, поради семејни недоразбирања, бил физички нападнат од неговите синови, 19-годишниот А.Ш. и 22-годишниот М.Ш., двајцата од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот – информира МВР.