Хроника 18. февруари 2019. / 14:29

Двајца стружани фатени со марихуана во Калишта

Двајца стружани фатени со марихуана во Калишта

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Р.(20) од село Калишта, и П.И.(24) од село Велешта, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во саботата, во во село Калишта, при преглед над второпријавениот полициски службеници пронашле и одзеле марихуама, која што претходно ја купил од првопријавениот.